„Нашата цел во овој процес да го заштитиме статусот на македонскиот јазик во рамките на Европската Унија, а не беше да ја убедиме Бугарија да го премини својот став. Целта беше да нема влијание тој став на ставот на ЕУ“-рече вицепремиерот Маричиќ на брифингот со уредниците.
Според Маричиќ направена е добра анализа и неслучајно ниту пак наивно го претставуваат овој предлог и истакна дека земени биле искуствата и од многу држави членки на ЕУ за нашите позиции, кои потоа биле користени во текот на разговорите со Бугарија за да се дојде до едно компромисно решение.
Во овој контекст вицепремиерот Маричиќ се надоврза на искуството на Ирска кое го кажа министерот за Европа, Томас Бирн, на заедничката прес-конференција на која беа испратени многу отворени и јасни пораки дека ова е моментот и ова е предлогот на кој треба да му се даде шанса.
- Особено имаше емотивен говор, по мене, министерот за европски прашања на Ирска којшто кажа дека Ирска требало да отстапи од територијални претензии кон Британија за да се зачлени во ЕУ, дека имале 10 годишна блокада од Франција во тоа време, дека навистина како народ кој бил долго време негиран од своите соседи сочувствуваат со нас, но неговиот заклучок беше нашиот идентитет процвета од кога влеговме во ЕУ, рече Маричиќ.
Ирскиот министер објаснил и направил јасна споредба дека денес го користат и ирскиот јазик и англискиот јазик и дека Ирска економски и културно и идентитетски процвета од кога е во ЕУ и од држава од која сите сакаа да се иселат пред 50 години кога станале членки на ЕУ, денес е држава во која луѓето сакаат да се доселат и сакаат да живеат и работат само заради ЕУ.
Маричиќ смета дека овие лекции треба да ги искористиме и да ги препознаеме моментите кога треба да ја зграбиме шансата, и затоа е според него важно да се навлезе во суштината на овој предлог.