Средба на министерот Попоски со делегација на Министерството за надворешни работи на Франција

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше билатерални политички консултации со делегација од Министерството за надворешни работи на Франција, предводена од  Ерик Фурние, директор за континентална Европа во француското МНР.

- Беше разговарано за билатералните односи меѓу Република Македонија и Француската Република, за економските односи меѓу двете држави, за регионалната соработка и односите со соседите, како и за заложбите на Република Македонија за зачленување во ЕУ и НАТО, соопшти МНР.

Во рамки на посетата, Фурние одржа предавање пред младите дипломати кои следат настава на Дипломатската академија, на тема „Билатералните односи помеѓу Франција и балканските држави во контекст на нивните аспирации за евроатлантска интеграција“.