Арифи и Филе разговараа за следните чекори за реализација на целите утврдени со Пристапниот дијалог

Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи имаше средба со комесарот за проширување и соседска политика на Европската унија Штефан Филе, на која била истакната заложбата на Владата на Република Македонија и нејзиното максимално ангажирање за реализирање на утврдените приоритети.


- Комесарот Филе го поздрави целокупниот ангажман на Владата и спроведените активности кои имаат цел да ја приближат земјата кон Европската унија, соопшти Секторот за односи со јавноста на Секретаријатот за европски прашања на Република Македонија.

Арифи и Филе разговарале и за следните чекори за реализација на целите утврдени со Пристапниот дијалог, кои се дел од Оперативниот патоказ.

Вицепремиерката Арифи претходно учествуваше на Комисијата за европски прашања и се обрати пред Националниот совет за еврионтеграции.

Таа изрази задоволство што на вториот состанок на Пристапниот дијалог на високо ниво може да се докаже дека Владата на Република Македонија е целосно ангажирана и дека за помалку од еден месец успеа да подготви оперативен документ за целите усвоени на првиот состанок на Пристапниот дијалог.

- Меѓу другото, Арифи истакна дека усвојувањето на Оперативниот патоказ претставува чекор напред, бидејќи според него се утврдуваат  конкретните задачи на ресорните министерства и институции, согласно петте приоритетни области наведени на првиот состанок на Пристапниот дијалог, информира прес-службата на Секретаријатот за европски прашања.