Честитка од вицепремиерот Арифи до еврокомесарот Филе по повод Денот на Европа

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Теута Арифи, по повод 9 Мај, Денот на Европа, упати честитка до Комесарот за проширување и добрососедска политика на ЕУ, Штефан Филе.

Арифи во писмото, како што соопшти нејзиниот кабинет, потенцира дека овој ден го симболизира почетокот на големиот сон за обединета Европа и нагласува дека Европската унија е симбол на мир, стабилност и просперитет.

- Овие вредности беа поттик за земјите од европскиот континент да спроведат сериозни политички и економски реформи и да ги воведат европските стандарди и практики во нивните општества, се вели во честитката, се вели во честитката.

Вицепремиерот Арифи, исто така, ја потенцира посветената работа на Република Македонија во текот на  минатите години за остварување на оваа цел и нагласува дека Европската комисија соодветно ги валоризира  вложените напори.  Таа изрази благодарност до комесарот Филе за неговиот личен ангажман и неговата посветеност околу интеграцијата на Македонија во ЕУ.