Груевски: Протестот е демократско право, да не се подлегнува на нечии манипулации и агенди

Секој има право да протестира, тоа е човечко и демократско право, но треба да се внимава на сопствената одговорност, да не се подлегне на одредени манипулации и нечии туѓи агенди. Македонија е мултиетничка, мултиверска држава во која живееме заедно и така ќе продолжиме, порача денеска премиерот Никола Груевски.

- Немам ништо против утрешниот протест, но треба да се мисли на денот потоа. Затоа апелирам до секој од демонстрантите, изразувајќи го своето мислење за она за што ќе излезат, да внимаваат на својата лична одговорност. Секој има таква одговорност во нашето општество, така што и тие што ќе протетестираат имаат лична одговорност за своите постапки, да бидат законски и да не ги нарушуваат соживотот и меѓуетничкото и меѓуверското живењее кои со векови егзистираат на овој простор, а така ќе биде и во иднина, изјави Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на 15-те нови капитални научни наслови од областа на земјоделството и ветеринарната медицина во читалната „1000 книги“.

Во врска со безбедносната ситуација во Македонија, премиерот рече дека работите внимателно се следат.