Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес во Брисел учествуваше на билатералниот скрининг состанок од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, поточно на состанокот од Поглавје 9 „Финансиски услуги“.
Во својот говор пред претставниците на Европската Унија (ЕУ) вицепремиерот Битиќи нагласи дека финансиските услуги иако не се основните вредности на Договорот за основање на Европската Унија, дека тие не се ни основите на формирањето на Унијата, но во почетокот на третата деценија на 21 век, тие се исто толку важни колку што во средината на претходниот век биле основните права и слободи врз кои се базира Договорот за формирање на ЕУ.
„Сите ќе се согласиме дека не можеме да го замислиме секојдневниот живот без користење на финансиските услуги со цел да ги задоволиме нашите секојдневни потреби, плаќање на киријата, хипотеката, заемот, котизацијата за универзитет, плаќање онлајн, плаќање во готово, па дури и плаќањето со крипто, што е голем предизвик од гледна точка на финансиска контрола во целиот свет“, рече Битиќи.
Пред претставниците на Европската комисија, вицепремиерот Битиќи нагласи дека финансиските услуги се насекаде околу нас и дека ние директно или индиректно секогаш сме опкружени со акции и трансакции, кои пак се тесно поврзани и зависни од финансиските услуги.
„Како што видовме во последниот извештај на Европската комисија, Европскиот парламент, Советот, Европскиот економски и социјален комитет и Комитетот на регионите, Северна Македонија е умерено подготвена земја со постигнат одреден напредок во текот на минатата година во областа на финансиските услуги. Како што беше наведено во извештајот, ние сме во напредна позиција во однос на супервизорската и регулаторната рамка за кредитните институции. Од друга страна, заостануваме во усогласувањето во делот на осигурувањето и пазарите на капитал. Извештајот констатира добар напредок во имплементацијата на стандардите за ликвидност од Базел 3 и дека преземаме одредени активности за да спречиме нефер банкарски практики и да спроведеме подобра и поефикасна заштита на потрошувачите“, кажа во својот говор Битиќи.
Вицепремиерот во својство на главен координатор на Кластер 2, во кое спаѓа Поглавјето 9 – „Финансиски услуги“, ги увери претставниците на Европската Унија дека земјата оваа година ќе се потруди максимално да ги исполни препораките од извештајот, со што ќе донесеме закон за решавање (резолуција) на банки и имплементација на законодавството и подзаконските акти и врз основа на тоа да го завршиме назначувањето на Регулаторно тело за банките, правилно справување и спречување на нерегистрираните и неосигурените возила и ќе продолжиме да се занимаваме со заштитата на потрошувачите заедно со формирањето на финансиски Народен правобранител.
„ Ќе ги катализираме напорите нагласени во извештајот во делот за развивање на одредбите за резолуција на банките во согласност со рамката на ЕУ, со посебен акцент на Директивата за спојување и решавање на банките. Законот за осигурување на депозити ќе биде изменет за да се подобри осигурувањето на депозитите и да се имплементираат забелешките на Уставниот суд во неговата одлука од јули 2021 година. Нашата централна банка веќе посвети дел на нејзината веб-страница на правата на потрошувачите заедно со правилното споделување информации за да се избегнат нефер банкарски практики“, посочи Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека земјата ќе вложи многу повеќе напори за измена на Законот и зајакнување на осигурувањето на сите моторни возила во државата, заедно со поставување на систем каде ќе се чуваат сите потребни податоци за осигурените возила, со што ќе го спречиме возењето на неосигурени возила.
На крајот на својот говор, заменик претседателот на Владата рече дека финансиските пазари ќе се развиваат како што беше предвидено во стратегијата од февруари 2022 година, каде очекуваме проширување на понудата на долгорочни хартии од вредност со зголемена побарувачка, додека измената на Законот за инвестициски фондови во јули 2021 година и другите имплементирачки закони за инвестициски фондови и хартии од вредност, се однесуваат на дел од неопходното усогласување со правото на ЕУ.
Работната група за ова поглавје ја предводи заменичката на главниот преговарач со Европската Унија, Дрита Абдиу-Халили и нејзе ја сочинуваат претставници од Секретаријатот за европски прашања, Министерството за финансии, Народна банка на Република Северна Македонија, Комисија за хартии од вредност, Централен регистар, Агенцијата за супервизија на осигурување, Управа за финансиско разузнавање, Министерство за внатрешни работи, Финансиска полиција и Државна комисија за спречување на корупцијата.
Билатералниот скрининг продолжува на 1-ви март за кога е закажан состанокот за Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“.
Вицепремиерот Битиќи и неговиот Кабинет, како што е предвидено во нашата преговарачка структура, се назначени за координатори на целиот Кластер 2, покрај координацијата на Секретаријатот за европски прашања како институција назначена за координација на национално ниво.