Министерот Кралев ја посети општина Валандово

Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска престојуваше во општина Валандово каде што се сретна со градоначалникот Николче Чурлиновски и ги посети ОУ „Јосип Броз Тито“ и СОУ „Гоце Делчев“.

На средбара со градоначалникот Чурлиновски, се разговараше за подобрување на условите во образовните институции, проблемите со кои се соочува општината, како и изнаоѓање решенија за нив, соопшти МОН.

Во ОУ „Јосип Броз Тито“, Кралев се сртена со директорот и наставниот кадар. Ова училиште беше опфатено со проектот за изградба и реконструкција на училишта во Република Македонија. Во училиштето е направена замена на надворешна столарија, санација на инсталација за топловодно греење, како и санација на подови.

Министерот Кралев го посети и СОУ „Гоце Делчев“ каде што во 2009 година е изградена нова спортска сала, дел од проектот „145 спортски сали“, која веќе е пуштена во употреба. Училиштето е реконструирано и е извршена негова санација, изведена е девијација на постојната канализациона и водоводната мрежа.

Целта на посетата на Валандово, беше да се запознае од поблиску со проблеми на општината во делот поврзан со образованието, потребите на училиштата, наставниот кадар и учениците, соопшти МОН.