Министерот Тодоров работеше на шалтер во ГОБ „8 Септември“

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје и притоа повеќе од два часа со тимот на болницата примаше пациенти, закажуваше термини за снимање и ги согледуваше проблемите при работата.

Тодоров рече дека сакал лично да се увери со кои проблеми се соочуваат пациентите и персоналот на шалтерите.

- Секогаш е подобро кога од прва рака ќе го видиш проблемот. Тогаш можеш да се распрашаш, да поразговараш со луѓето, да размислиш за решавање на проблемот. Ваквите институции се едни од најбитните во македонското здравство, каде се слеваат пациенти од цела Македонија, па секој кој сака да биде одговорен, треба да има сличен пристап, изјави министерот Тодоров.