Министерот Јанакиески во посета на Србија

Завршување на изградбата на патниот Коридор 10 и  соработка меѓу Македонија и Србија  во патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај, беа тема на денешната средба во Белград на македонскиот министер за транспорт Миле Јанакиески и неговиот српски колега Милутин Мркоњиќ.

- Министрите се договорија во следниот период да се одржи работна средба со цел изготвување спогодба за регулирање на железничкиот граничен сообраќај со што се овозможува побрз проток на меѓународниот железнички сообраќај меѓу двете земји. На средбата, соработката меѓу двете министерства беше оценета како добра и на највисоко ниво, соопшти Министерството за транспорт.

При посетата на Србија предвидено е министерот Јанакиески да оствари средба и со претставници на Меѓународната финансиска корпорација (IFC) за реализацијата на предвидените проекти за изградба, одржување и наплата на патарини на делови од патниот Коридор 8 во Република Македонија.