Бочварски: Реализираме рекордни инвестиции во Пробиштип, во тек се повеќе проекти во патната и комуналната инфраструктура

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска престојуваше во работна посета на општина Пробиштип, каде заедно со градоначалникот, Драган Анастасов потпишаа меморандум за реконструкција на две локални улици во градот.
Станува збор за улиците Христијан Тодоровски Карпош и 3-ти Април, кои општина Пробиштип ги означи како приоритетни, а вкупната инвестиција за нивната реконструкција изнесува 29,5 милиони денари, средства обезбедни преку буџетот на Министерството за транспорт и врски.

Министерот Бочварски ја искористи посетата на Пробиштип да изврши увид во градежните активности на реконструкција на улицата Македонски револуционери, каде претходно се реализираше и изградба на атмосферска канализација, а сега во тек е нејзина комплетна реконструкција, со што оваа улица ќе добие нов лик, а граѓаните подобри услови за живеење.

Инвестицијата за реконструкција на ул. Македонски револуционери изнесува 17 милиони денари.

„Пред неколку месеци со градоначалникот бевме тука во Пробиштипразговаравме со граѓаните, ги утврдивме нивните приоритети и особено ми е драго што веќе денеска проектите се реализираат на терен. Ја изградивме атмосферската канализација, аво соработка со општината правиме и целосна реконструкција на улицата Македонски Просветители. Денешната посета ја искористив да потпишеме меморандум за реконструкција на улиците Христина Тодоровски Карпош и 3-ти Април, за кои преку Министерството за транспорт и врски инвестираме преку 29 милиони денари. Општината се движи во вистинска насока во однос на инфраструктурата, тоа е резултат на одличната соработка и комуникација помеѓу централната и локалната власт и верувам дека граѓаните се задоволни со сите овие значајни проекти кои ги реализираме.“ – истакна министерот Бочварски.

Градоначалникот Анастасов се заблагодари за силната поддршка која централната власт ја дава на општина Пробиштип и најави дека силната градежна офанзива продолжува и во наредниот период.

Министерството за транспорт и врски останува силен поддржувач на локалните самоуправи. Со рекордни инвестиции во инфраструктурните и комуналните проекти имаме за цел подобрување на животот на граѓаните, како и обезбедување економски и урбан развој на општините низ целата земја.