Јавен оглас бр.14/2023 за именување директор на Управата за водење на матичните книги

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
18.09.2023

Врз основа на член 2-a од Законот за матичната евиденција („Службен весник на Република Македонија “ бр.8/95, 38/2002, 66/2007, 98/2008, 67/2009, 13/2013, 43/2014, 148/2015, 27/2016, 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр 14/2020 и 129/2023), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.14/2023
за именување директор на Управата за водење на матичните книги

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Управата за водење на матичните книги, по предлог на министерот за правда, за време од четири години.

2. За директор на Управата за водење на матичните книги може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
     1) Да е државјанин на РепубликаСеверна Македонија;
     2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изреченаказна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност илидолжност;
     3) Има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степенправен факултет;
     4) Има минимум пет години работно искуство во областа на управните работи;
     5) Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати илиуверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
          - ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
          - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
          - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
          - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
          - БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и
          - АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2). 
3. За директор на Управата за водење на матичните книги може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк: 

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
     1) Пријава по оглас,
     2) Кратка биографија,
     3) Мотивациско писмо,
     4) План и програма за идна работа,
     5) Уверение за државјанство,
     6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
     7) Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен правен факултет;
     8) Доказ дека има минимум пет години работно искуство во областа на управните работи; (Преглед евидентиран во Агенциjaта за вработување на РСМ или Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија);
     9) Меѓународно признат сертификат илиуверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
          - ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
          - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
          - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
          - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
          - БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода и
          - АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2). 

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Управата за водење на матичните книги“.

 6. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).

8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022, 213/2022 и 78/2023).

9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е (5) пет работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.

11. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.