Азир Алиу: Со создавањето на Дигиталната агенција, ја определуваме визијата да станеме земја членка на ЕУ

Азир Алиу, министерот за Информатичко Општество и Администрација, денеска во клубот на пратениците оствари работна средба со вицепремиерката одговорна за политики за добро владеење истовремено и претседателка на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, Славица Грковска и претставниците на Националниот Совет, каде што дискутираа за дигитализацијата и Законот за сајбер безбедност и дигитална трансформација кој е подготвен и ставен во ЕНЕР на јавна консултација.

„Преку создавањето на Дигиталната агенција  ние ја определуваменашата визија и волја да станеме земја членка на Европската Унија, затоа што Северна Македонија, како и Европа и целиот свет, ја прифаќа оваа дигитална револуција, создавајќи нови можности за граѓаните и бизнисите.

„Заблагодарувајќи им се на сите чинители кои придонесоа за изработката на овој закон, соработниците кои не поддржуваат во нашите иницијативи за добро владеење, ве повикувам сите заедно посилно да се заложиме за успешна реализација на целите на овој закон" изјави министерот Алиу.