Работна средба на министерот Ристовски со претставници на делегација на Република Турција

Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски и државниот секретар Муедин Кахвеџи денеска остварија работна средба со претставници на делегацијата на Република Турција.

Во состав на турската делегација беа гувернерите на општините Кркларели и на Едирне, Мустафа Јаман и Ѓокхан Шогер, градоначалникот на Кркларели,  Џавид Чаглајан, пратеникот во Собранието на Република Турција, Шенол Ѓуршан, ректорот на универзитетот во Кркларели, Мустафа Ајкач, како и претставници на полициската служба и на директоратот на семејна и социјална политика.  

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, на средбата се потенцираа воспоставените добри релации за соработка помеѓу Република Македонија и Република Турција, при што се истакна заложбата за натамошна успешна и подобрена соработка и воспоставување на практика за размена на искуства.

Во оваа насока, делегацијата на Република Турција ја истакна своја заложбата за унапредување на меѓусебните односи преку продлабочување на соработката и размена на искуства во областа на социјалната политика, вклучително и во областа на заштита на семејството и програмите за помош и поддршка на најранливите категории на граѓани.