Тодоров ја посети кумановската Општа болница

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети Општата болница во Куманово.

При посетата на повеќе одделенија, министерот потенцираше дека болницата добро функционира, но оти има делови каде може да се подобрат условите како што е хируршката амбулатна, која според него, функционира во нестандардни услови.

- Денеска ќе пуштиме екипа од Министертвото надлежна за инвестиции и ќе се обидеме да најдеме привремено решение кое во секој случај ќе биде подобро од сегашното. Ако не може да се најде соодветно привремено решение, тогаш ќе мора да се размислува за поголема реконструкција, со што ќе се обезбедат соодветни услови за функционирање на амбулантата, изјави Тодоров по посетата.

Министерот истакна дека опремата во вредност од милион и двесте илјади евра која ја обезбеди Министертвото за здравство за кумановската болница функционира на посакуваното ниво.

- Новата комјутерска томографија, 4 Д апратот на гинекологија и новите операциони маси ги даваат очекуваните резултати. За компјутерска томографија, пацинетите чекаат три дена, а најзначајно е што резултатите се даваат веднаш по завршувањето на прегледот, нагласи Тодоров.

Реконструкцијата на зградите на кумановската болница, како што потенцираше е при крај. Во врска со кадарот во болницата, Тодоров додаде дека девет лекари по општа пракса од Куманово ќе заминат од идната академска година на специјализација.

- Се преземаат мерки за покривање на недостатоците кои се јавиле со континуирано необновување на работните места на персоналот, кој по било каков основ ги напуштал работните места. Потребен е нов број на специјалисти кои треба да ги покријат потребите на здравствениот систем. Специјализантите ќе се обезбедуваат согласно потребите на системот. Свесни сме дека во одредени области нема доволен број на специјалисти како што се патолози, анестезиолози и педијатри и очекува прееземените чекори ќе дадат резултати, истакна министерот.

Тој најави дека до крајот на годината ќе пристигнат и новите 70 амбулантни возила кои ресорното Министерство ќе ги дистрибуира до сите градови.

- Станува збор за врвно опремени возила со најсоверемнема опрема кои ќе овозможат побрз и побезбеден транспорт на пацинетите, посочи Тодоров.