Над 6.166 пријави досега пристигнати до МВР по објавениот конкурс за вработување на 300 полицајци

До МВР заклучно со 15 јуни се примени 6.166 пријави врз основа на објавениот конкурст  од 4-ти јуни за прием на 300 извршители на работно место „полицаец“ за работа во Министерството за внатрешни работи.

МВР, од сите кандидати, а досега се регистрирани над 8.000 заинтересирани да аплицираат, ќе треба да ги избере најстручните, најкомпетентните и најспособните бидејќи, потенцира денеска на прес - конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да се биде полициски службеник е одговорна работа и затоа се инсиститира на квалитет.

Неспорно и очекувано е меѓу сите кандидати, посочи таа, да има припадници од сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија. Составот на вработение во МВР, истакна, во целот го рефлектира мултиетничкиот карактер на државата и тоа ќе продолжи така и по овој конкурс.

На новинарско прашање дали со нејзината изјава дека предност  ќе има професионализмот, а не соодветната застапеност не се крши Уставот односно Рамковниот договор и Законот за внатрешни  работи, Јанкулоска децидна дека апсолутно не го крши ниту Уставот, ниту законот, напротив доследно го почитува и го промовира.

- И Уставот и законот предвидвуаат систем на кариера што значи дека за да биде некој ангажиран во која било институција вклучително и во МВР неопходно е да бидат исполенти одредени критериуми предвидени со закон. Ако го гледаме правниот систем на една држава како комплет, земајќи ги предвид сите одредби од Уставот и од позитивните просписи, не може да го исклучиме начелото од правична застапеност на етничките заедници кои живеат во Македонија, појасни таа. Додаде оти  МВР е институција која е позитивен пример во таа смисла, затоа што припадниците не етничките заедници споредено со најголем дел од другите институции се најдобро застапени во ова Министерство.

Министерката за внатрешни работи уште еднаш повтори дека припадниците на етничките заедници ќе имаат еднаков пристап до сите работни места во МВР.

- Ние сме институција која можеби нешто повеќе од другите се грижи за почитување на законите и за нивно спроведување, па така и во оваа смисла ќе останеме доследни на почитување на Уставот и на сите позитивни прописи, вклучително и оние за кои се бара одреден степен на стручност, физичка подготвеност и друго, рече Јанкулоска.

Одговорајќи на новинарско прашање рече дека на конкурсот може да се пријави и лице кое претходно било вработено како полициски службеник. 

- Сите оние кои претходно биле вработени како полициски службеници, нема пречка да се пријават, а дали ќе бидт селектирани зависи од исполнување на другите услови предвидени во конкурсот, појасни министерката и укажа дека сите  кои претендираат првпат да се вработат како полициски службеници треба да се помлади од 25 години.

Инаку, во конкурсот за прием на работно место „полицаец“ за работа во МВР кандидатите покрај дадените општи услови да е државјанин на Република Македонија, да има завршено најмалку четиригодишно средно образование, да е здравствено и психофизички способно и со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност, треба да имаат телесна висина од најмалку 175 см. за мажи односно 165 см. за жена, и
висока лична физичка подготвеност.