Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на денешната конференција организирана од Калеви Сорса Фондацијата на тема „Гледање напред кон Земјите на Западен Балкан во ЕУ, искористување на моментумот за проширување“
Вицепремиерот во своето обраќање се обрати со пораките дека овој моментум е посебна шанса за земјите од Западен Балкан и истата треба да се искористи.
Пораката од Шарл Мишел не смееме да ја забораваме, треба да се фокусираме и да ја искористиме, да се држиме кон 2030 како индикатор за нашите планови. Државите од Западен Балкан мора да гледаат далекусежно и да се фокусираме на реформите кои што ќе ни донесат просперитет.
Во дискусијата Маричиќ се фокусираше на Планот за раст со која земјите од Западен Балкан можат многу да добијат нарекувајќи ја „Револуционерна одлука за проширувањето на Европската Унија.
„Со Планот за раст првпат се отвораат можности за вклучување во програми во кои не сме биле досега вклучени, со што се овозможува и пристап до финансиска помош со која ќе се овозможи реализација на реформите најпотребни за реализација на процесот.
Вицепремиерот истакна дека 2030 треба да биде индикативна година и план за вклучување на земјите од Западен Балкан, со што на граѓаните ќе им се укаже можност и ќе почувствуваат дека се дел од Европската Унија, ја поздрави храбрата политика на ЕУ за раст на унијата и стратегијата која ја планираат за проширувањето.
За крај ги поздрави присутните со порака дека државите од Западен Балкан можно е да се реформираат до 2030 година, која ќе биде индикација за реализација на нашиот европски пат.
„Не смееме да го пропуштиме овој момент, немаме време за чекање, мораме да ја искористиме шансата да се вклучиме во европскиот фронт каде што се вклучени сите. Да не се навлегува во тунелот на чекање, кој може да биде изгубено скапоцено време за нас“.
Конференцијата беше во организација на Прогрес односно Калеви Сорса Фондација.