Владиниот тим предводен од премиерот Груевски на бизнис форум во Москва

Во рамките на посетата на Руската Федерација, претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски и владината делегација, денеска (понеделник, 18.06.2012 година) во Москва ќе присуствуваат и ќе се обратат на бизнис форум за промоција на поволностите кои Република Македонија ги нуди за отворање и реализација на инвестиции. Форумот е организиран во соработка со Трговско - индустриската Комора на Руската Федерација.

Претседателот на Владата Никола Груевски во текот на денот ќе оствари средба и со г-дин Сергеј Шојгу, губернатор на Московската област.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски ќе оствари и повеќе средби со претставници на руски компании кои имаат интерес за инвестирање во Македонија.