Заменикот претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ вечерва учествуваше на последната трибина од кампањата Ние сме Европа во организација на Секретаријатот за европски прашања, во Куманово.
За почеток Вицепремеирот се обрати до публиката со особена чест дека вечерва се наоѓа во Куманово.
- Денеска ми е особено драго што во рамките на кампањата „Ние сме Европа“ оваа трибина е посветена на енергетиката и се наоѓаме во Куманово.
Тој истакна дека во многу области нашите приоритети ги изедначивме со оние на Европската Унија. Во наредниот период ни претстојат многу активности како и во енергетиката, така и во повеќе сфери за постигнување на ЕУ стандардите.
Маричиќ изјави: Стотици илјадици граѓани низ осум града низ државата имавме во изминатите четири месеци можност да разговараме за европските вредности, за европските примери, но тоа што посебно ме израдува, што поминавме преку 30 европски проекти финансирани од Европската Унија кои што се успешни приказни и кои што се дел од нашата, од македонската успешна европска приказна.
Вицепремиерот потенцираше дека со кампањата успеавме да ги реафирмираме и промовираме европските вредности, кои во време на важни одлуки за продолжување на процесот на пристапување кон Европската Унија, не засегаат сите нас.
Маричиќ искажа голема благодарност до претседателот на Владата, колегите заменици потпретседатели, министрите, но и амбасадорите - нашите верни партнери, претставниците на бизнис секторот, граѓанските организации, граѓаните кои со голем интерес учествуваа на трибините.
Можам гордо да заклучам дека несомнено, секој од нас ги споделува европските вредности, дека имаме јасна цел и дека сме на добар пат.
Доказ за тоа е и успешната завршница на скринингот процесот, од минатата недела, како дел од преговорите со ЕУ.
Успехот на скрининг процесот, кој се одвиваше 15 месеци, приближно 100 дена, со ангажман на преку 1000 учесници од преку 200 различни институции, ја покажа колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ и покажа дека можеме и знаеме.
Денеска се наоѓаме на клучна точка во хронологијата на нашиот процес на пристапување без дилеми, македонската интеграција во ЕУ продолжува до конечен успех.
Уверен сум дека Европскиот македонски блок заедно со мнозинството граѓани ќе ја добие оваа битка. И при тоа, ве уверувам дека нашата држава и нашето општество, сите заедно имаме капацитети и заедно ќе ја завршиме и оваа работа – во 2028 година ќе ги заокружиме и преговорите и после тоа во рок од две години ќе ги финализираме сите постапки за конечен и официјален влез во Европската Унија. Нема дилеми, македонската интеграција во ЕУ продолжува до конечен успех.
-Пред само седум години бевме држава во сериозна политичка криза, држава која што беше означена како заробена држава. Денеска сме веќе со започнати преговори, а за само седум години можеме да бидеме членка на Европската Унија. Затоа да продолжиме по овој пат, бидејќи таму припаѓаме. Да живее европско Куманово, да живее европска Северна Македонија.
На трибината во Куманово се обратија и премиерот Ковачевски, Вицепремеирот Битиќи, министерот Бесими, амбасадорите Петра Дрекслер, Дејвид Гир и експертот по енергетика Митко Андреевски.