Јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на движни ствари–електронска, електрична, информатичка, канцелариска опрема и друг ситен инвентар
Врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21) и Одлуката за давање на согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија бр.41-11923/7 од 06.12.2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 259/23 од 07.12.2023 година), Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на движни ствари–електронска, електрична, информатичка, канцелариска опрема и друг ситен инвентар
I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, врз основа на одлука за согласност од Владата на Република Северна Македонија, е должен да спроведе постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, согласно член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија “бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19 и 122/21), за движните ствари кои поради нивната дотраеност, неупотребливост или технолошка застареност не ги користат државните органи или правните лица основани од државата, не можат да се продадат или разменат.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движни ствари – електронска, електрична, информатичка опрема и друг инвентар, предмет на јавниот повик и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно законските прописи, без надомест.
Движните ствари се наоѓаат во просториите на Владата на Република Северна Македонија, на булевар „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје.
Право на учество имаат сите правни домашни правни лица кои поседуваат важечка дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад (дозвола за управување со отпад, односно за управување со електронски и електричен отпад) согласно член 64 од од Законот за управување со отпадот („Службен весник на РСМ“ бр.216/21), издадена од надлежен орган.
Лице за контакт во врска со јавниот повик: Оливер Стефаноски,
телефон 072 304 799, mail- oliver.stefanoski@gs.gov.mk
Подетални информации за предметот на јавниот повик, како и потребната документација во врска со јавниот повик може да се добијат лично во просторите на Владата на Република Северна Македонија, на булевар „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 18.12.2023 година, до 12:00 часот.
II ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Предмет на јавниот повик е собирање, транспортирање и уништување на отпад - електронска, електрична, информатичка, канцелариска опрема и друг ситен инвентар, а кои се дотраени, неупотребливи или технолошки застарени и не ги користи Владата на Република Северна Македонија и истите не можат да се продадат или разменат.
Движните ствари кои се предмет на јавниот повик се наоѓаат во просториите на Владата на Република Северна Македонија и детално се опишани во Прилог 1 на јавниот повик, со назив/опис на движната ствар и количина.
III ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право да поднесат пријава за учество на јавниот повик имаа сите заинтересирани правни лица регистрирани за вршење на дејноста предмет на јавниот повик, однсоно кои вршат дејност или поседуваат дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на електронски отпад, како и дозвола собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на друг отпад (електрична, информатичка, канцелариска опрема и друг ситен инвентар).
Потребни документи кои треба да се достават кон пријавата:
1. Способност за вршење на дејност
- важечка дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад (дозвола за управување со отпад, односно за управување со електронски и електричен отпад) согласно член 64 од од Законот за управување со отпадот („Службен весник на РСМ“ бр.216/21), која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање.
2. Техничка и професионална способност
- изјава дека располага со потребни и соодветни транспортни средства за извршување на предметот на јавниот повик;
- изјава дека за непречено извршување на услугата ќе има на располагање во секое време доволен број лица потребни за реализација на предметот на јавниот повик.
Документите за способност за вршење на професионална дејност, како и техничка и професионална способност, се приложуваат во оригинал или во копија заверена од правното лице со потпис на одговорното лице и со назнака „Верно на оригиналот“.
IV КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР
Критериум за избор на правно лице кое поднело уредна пријава со сите потребни документи е понудениот рок за преземање на движните ствари од денот на склучување на договорот, односно предност ќе имаат правни лица кои ќе понудат најкраток можен рок за преземање на движните ствари, најдоцна до 25.12.2023 година, без надомест.
Доколку повеќе правни лица понудат исто времетраење на преземање на движните ствари предмет на јавниот повик, во тој случај ќе се избере правното лице кое прво поднело пријава за учество во архивата на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.
Доколку е пристигната само една пријава за учество од едно правно лице, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, доколку правното лице ги исполнува сите потребни услови, ќе изврши избор на тоа правно лице.
V СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР СО ИЗБРАНОТО ПРАВНО ЛИЦЕ
Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, во рок од три дена од денот на донесување на одлуката за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад и кое ќе изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик, ќе го извести во писмена и/или електронска форма избраното правно лице.
Воедно, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе ги извести сите правни лица кои учествувале на јавниот повик за извршениот избор со објавување на одлуката за избор на правното лице на веб страната на Владата.
Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ќе склучи договор со избраното правно лице, кое со пријавата поднело комплетно барање со сите потребни документи наведени во јавниот повик.
Доколку избраното правно лице се откаже од склучување на договорот, во тој случај, склучување на договор ќе му биде понудено на наредното правно лице кое поднело уредна пријава со сите потребни документи согласно јавниот повик.
Доколку избраното правно лице, после склучување на договорот, не постапува согласно одредбите на договорот, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, еднострано ќе го раскине договорот со тоа правно лице и ќе склучи договор со наредното правно лице кое поднело уредна пријава со сите потребни документи согласно јавниот повик.
VI ОБВРСКИ НА ИЗБРАНОТО ПРАВНО ЛИЦЕ ПО СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Правното лице со кое ќе се склучи договор е должно да изврши преземање на движните ствари предмет на јавниот повик од повеќе простории лоцирани во Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и истите да ги собере, транспортира и уништи, односно да управува со отпадот на соодветен начин, согласно Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.216/21) и Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.176/21).
При преземањето на движните ствари предмет на јавниот повик, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и избраното правно лице се должни да извршат записничко примопредавање на предметните движни ствари.
VII ПРАШАЊА И ПОЈАСНУВАЊА
Подетални информации може да се добијат секој работен ден од 08:30 до 15:30 часот во просториите на Генералниот секретаријат на Влада на Република Северна Македонија, булевар „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје.
Лице за контакт во врска со јавниот повик е: Оливер Стефаноски,
телефон 072 304 799, mail- oliver.stefanoski@gs.gov.mk
VIII КРАЕН РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО
Краен рок за доставување на пријава за учество со сите потребни документи е 18.12.2023 година до 12:00 часот.
Пријавите се поднесуваат:
- по пошта на следната адреса – булевар Илинден бр.2, 1000 Скопје, Генерален секретаријат на Влада на Република Северна Македонија;
- непосредно во архива на Генералниот секретаријат на Влада на Република Северна Македонија.
Правното лице го приложува оригиналниот примерок на пријавата со документите во неа во затворен плик, преку пошта или непосредно во архивата на Генералниот секретаријат на Влада на Република Северна Македонија.
На предната страна на пликот треба да стои:
До Генерален секретаријат на Влада на Република Северна Македонија
За јавен повик за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, со назнака „Не отворај“.
На задната страна на пликот треба да стои:
Назив и седиште на правното лице
Прилог 1: Листа на движни предмети за отпис од 19.05.2023 година утврдени со Одлука за расходување на основни средства и инвентар на Владата на Република Северна Македонија бр.12-4702/14 од 22.11.2023 година, донесена од генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија.
Прилог 2: Пријава за учество
Пријава за учество (Правно лице, архивски број, датум и место)
Прилог 3: Одлука за давање на согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад бр.41-11923/7 од 06.07.2023 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.259 од 07.12.2023 година)