Јавен повик бр.14/2023 за пријавување на заинтересирани лица за именување на 2 (два) члена на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија
Врз основа на член 17 и член 17- а став 1 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022 и 274/2022), член 24 од Статутот на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија бр.01-04 од 12.6.2000 година и измена бр. 01-3/1 од 29.7.2014 година, и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија бр.283/2022), Владата на Република Северна Македонија распишува:
Ј А В Е Н П О В И К Бр.14/2023
за пријавување на заинтересирани лица за именување на 2 (два) члена на
Управниот одбор на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија
1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, распишува Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 2 (два) члена на Управниот одбор на ЈП за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, со мандатот од четири години, со право на уште еден последователен мандат.
2. Назив на јавното претпријатие: Јавно претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија.
3. Шифра и дејност на Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија според Националната класификација на дејности (НКД) е:
- 93.11 – работа на спортските објекти.
4. Надлежности на Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија се:
- инвестиционо и тековно одржување на објектите за спорт;
- користење на објектите за спорт од субјектите во спортот и други субјекти;
- утврдување на висината на закупот, односно склучување на договори за закуп на делови од објекти што не се во функција на спортот
- планирање и изградба на нови објекти за спорт.
5. Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, нема веб страница.
6. За член на управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
- членовите на управниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:
- два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, (согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика),
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и
- најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.
7. Со пријавата кандидатите треба да ја достават следната документација:
1) Образец за пријавување;
2) Кратка биографија;
3) Писмо за интерес/мотивација за позицијата за која аплицира;
4) Уверение за државјанство;
5) Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува;
6) Потврда дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
7) Историјат за вработување од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со евидентиран стаж;
8) Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација
9) Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.
8. Документите од точка 7 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија“.
9. Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие- Владата на Република Северна Македонија.
10. Член на управниот одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор.
11. Неспојливи се функцијата претседател и член на управниот одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.
12. Работните задачи, одговорности и обврски на членовите на Управниот одбор се утврдени согласно Законот за јавните претпријатија, Статутот на јавното претпријатие и Деловникот за работа на Управниот одбор.
13. Управниот одбор на првата седница од своите редови избира претседател и заменик претседател.
14. Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, примаат надомест за работата и членството во Управниот одбор согласно Одлука бр.02-519/1 од 15.9.2023 година.
15. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 10 работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик.
16. Повикот ќе биде објавен само на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
17. Краен датум за пријавување е 25.12.2023 година.
18. Постапката на селекција на кандидатите за членови на Управниот одбор Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Северна Македонија ќе го спроведе Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој на Владата на Република Северна Македонија и истата се состои од две фази, и тоа: Фаза 1 - административна селекција и Фаза 2 – интервју. За кандидатите за кои при административната селекција се утврди дека не ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик или не ги доставиле потребните докази, постапката на селекција завршува. Административната селекција завршува најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите на јавниот повик. Комисијата, најдоцна десет дена од денот на завршување на административната селекција спроведува интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција. Начин на бодување на секоја од фазите на селекција е утврден согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022).
19. Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто се објавуваат на веб- страницата на основачот на јавното претпријатие.
20. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.