Владиниот тим ќе ги претстави можностите за инвестирање во Македонија во Нижњиј Новогород

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски и владината делегација во рамките на посетата на Руската Федерација, денеска (среда, 20.06.2012 година) во градот Нижњиј Новогород ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форум за презентација на инвестициските можности и поволности кои ги нуди Република Македонија.

За време на посетата на Нижњиј Новогород, владината делегација ќе оствари средби со руски компании, потенцијални инвеститори. Премиерот Груевски, ќе оствари средба со г-дин Валериј Шанцев, губернатор на Новогородската област.