Во рамки на вториот ден од годинешната конференција „Година на европски можности“, на петтиот панел – „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, свои обраќања имаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски и извршната директорка на Вина од Македонија, Елена Младеновска.
Главниот фокус во обраќањата на панел учесниците беше инвестициите во развој на македонското земјоделство и регионалениот развој, преку националните програми на Владата и европските можности, кои се ставаат на располагање на земјоделците и единиците на локалната самоуправа.
„2023 година беше година на нови можности во земјоделството. Стартуваше успешно примената на новиот модел за субвенционирање, а се реализираше и авансната исплата на субвенциите. Креиравме нови мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалоци и индивидуалните земјоделци со гранотови од 10.000 и 5.000 евра за набавка на опрема и земјоделска механизација“, истакна министерот Николовски.
Тој додаде дека во само една година склучени се над 400 договори за поддршка на малите прозиводители на храна и пијалоци и индивидуалните земјоделци. Успеавме истакна министерот Николовски во една година да имаме нови 1.940 регистиран оператор со храна од животинско и неживотнско потекло, во АХВ, како и нови 95 регистрирани мали семејни винарии.
Министерот Николовски во обраќањето ги презентира и новите мерки за 2024 година, што се ставаат на располагање до земјоделците.
„Оваа 2024 година исполнуваме уште едно дадено ветување пред земјоделците. Поддршката за зелена нафта за сите земјоделци ја зголемуваме на 100%. Креираме и повеќе нови мерки за поддршка на сточарите, и со право 2024 можеме да ја наречеме година на сточарството.Се зголемува поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци и поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет, а сточарите во 2024 година добиваат авансна исплата на субвенците“, истакна министерот Николовски.
Минатата година ја заокруживме со 135 проекти во општините и во планските региони, финансирани од буџетските програми за рамномерен регионален развој и за намалување на диспаритетите во вредност од над 14 милиони евра. Го финализиравме и ИПА 2 програмскиот период во кој се финансирани 192 проекти за прекугранична соработка во вредност од 60 милиони евра од Европската Унија, а националното кофинансирање од 9 милиони евра го обезбедивме од буџетот на Министерството за локална самоуправа, исткана во обраќањето министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.
Министерот Пенов ја истакна соработката и со швајцарската Влада, преку која заеднички се финансирани 8 проекти во сите плански региони во вредност од 3 милиони швајцарски франци.
„Секој граѓанин е важен и секој граѓанин треба да има пристап до основните јавни услуги, а Владата инвестира во подобрување на условите за живеење во секоја општина и со дополнителни 32,5 милиони евра презеде обврска оваа година да финансира нови 66 проекти во 44 општини“, истакна министерот Пенов.
Министерот за локална самоуправа истакна дека има и предизвици, пред се недостасуваат поголеми, готови проекти од општините, за што Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој во соработка со УНДП и СИДА во 2 фази имаат обезбедено фонд од 2,5 милиони долари преку кој е изготвена проектна документација за 70 поголеми проекти.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски во своето обраќање истакна дека постигнатите резултати во овој период на ИПАРД 2 програмата, најлесно се опишуваат преку бројки, додавајќи дека успешните проекти и поддржаните инвестиции се видливи и препознаени ширум целата држава.
„Успешното имплементирање на ИПАРД 2 програмата само по себе бараше многу ангажман, упростување на процедурите, зајакнување на капацитетите на ИПАРД агенцијата, како и зголемено ниво на транспаретност, преку оддржување на информативни сесии со земјоделците и сите потенцијални апликанти во секое населено место во Македонија.
За кратко време успеавме да ја подобриме репутацијата на ИПАРД програмата, која во минатото не карактеризираше како држава која има многу низок процент на нејзино искористување, за сега да бидеме предводници односно лидери во ИПАРД помеѓу земјите во Западен Балкан со искористеност која се рамни со истата во земји членки на Европската Унија“, истакна директорот на АФПЗРР Бачовски.
Тој додаде дека крајните ефекти од успешното спроведување на ИПАРД 2 програмата се обновена и модерна земјоделска механизација за поефективна обработка на земјоделските површини, инвестиции во ревитализација и подигнување на нови овошни и лозови насади и зголемено земјоделско производство пропратено со инвестиции во системи за наводнување со најнапредна технологија со што на најрационален начин се искористуваат расположливите ресурси на вода. Многу нови и реновирани фарми, кланици, објекти за конзервна индустрија, винарии, млекари, млинови кои како преработувачки капацитети се исклучително важни за македонското земјоделство.
Извршната директорка на Вина од Македонија, Елена Младеновска во своето обраќање на панелот истакна дека изминативе години винскиот сектор доживеа значаен развој, преку поддршката која се става на располагање со ИПАРД програмата. Таа додаде дека новиот модел за субвенционирање дава поголема и квалитетна поддршка за лозарите и винскиот сектор, но потребно е секој од чинителите да даде свој придонес, за да имаме уште поквалитетно винско производство.
Европска иднина денес е поблиску од кога било. Европската Унија отвора голема можност за сите наши граѓни, за земјоделците, можност нашите земјоделски производи да се пласираат на големиот европски пазар, можност за развој на секоја општина, секое населено место. Обврска на секој еден граѓанин е да биде одговорен и со свој пример да придонесе во градењето на сигурна иднина по европски стандарди за секој граѓанин е пораката која панелистите учесници ја испратија од панел дискусијата „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ можности и перспективи“.