Јанкулоска: Македонските таблички се според меѓународните стандарди

Издавањето регистарски таблички во Македонија е во согласност со сите меѓународни стандарди, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Струга, додавајќи дека прашањето за лепењето налепници врз македонските таблички при влез во Грција треба да се постави до грчките власти.

- Ние согласно сите стандарди и меѓународните кодови кои се прифатени во цел свет изготвивме Правилник согласно со кој се издаваат регистарските таблички што се во промет. Во однос на однесувањето на грчките власти мислам дека е неупатно јас да коментирам, рече Јанкулоска при презентацијата на запленета дрога.

Сепак, додава, за однесувањето на други држави, евентуалното кршење или почитување на меѓународно признати правила и процедури посоодветно е да се побара коментар од Министерството за надворешни работи.