Исплатени 136 милиони денари субвенции за овошни насади

Министерството за финансии денеска исплати 136 милиони денари субвенции за овошни насади на 2.335 земјоделци. Од овие средства 176 милиони денари се исплатени за оддржување на постоечки овошни насади, додека 60 милиони денари субвенции се исплатени за подигање нови овошни насади.

Мерката предвидува субвенции од 100.000 денари по хектар за подигање нови овошни насади, додека за одржување на постоечките се предвидени 25.000 денари по хектар.

Најголем дел од субвенциите, 75 милиони денари, се исплатени во ресенскиот регион, а исплата по оваа основа е извршена во сите региони во земјава.

Владата и Министерството за финансии со ова остануваат доследни на поддршката во земјоделството како една од носечките гранки на македонското стопанство и воедно на одржување на ликвидноста во услови на економска криза во Европа.