Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на првата седница на новоизбраниот владин состав, ги информираше членовите на Владата дека за заменици на претседателот на Владата ги определи:
- м-р Бојан Маричиќ, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања;
- д-р Артан Груби, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците;
- Фатмир Битиќи, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции и
- м-р Славица Грковска, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики на добро владеење.