Во Радовиш oтворен новиот Центар за деца со посебни потреби „Порака“

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска ги пушти во употреба новите простории на Центарот за деца со посебни потреби „Порака“.

Ристевски изрази задоволство што присуствува на отварањето на овој центар имајќи предвид дека децата со посебни потреби пред извесно време имале лоши услови за едукација.

- По реновирањето на овој објект може да се види дека резултатите се евидентни, а просториите се исто така комплетно опремени. Бенефитите од оваа работа ќе ги почуствуваат децата, рече Ристовски.

Тој забележа дека инвестицијата на Општина Радовиш и на неколку радовишки фирми во реновирањето на објектот за децата со посебни потреби ќе придонесе за нивна поголема едукација и социјализација. Очкува позитивниот пример на надлежните во Општина Радовиш да го следат и останатите општини во земјава.

Центарот „Порака“ дневно го посетуваат 14 деца со посебни потреби.