Во погоните на „Макстил“ уништени запленета наркотична дрога и оружје

Министерството за внатрешни работи попладнево во погоните на АД „Макстил“, во кординација со Агенцијата за управување со одземен имот на Република Македонија, спроведе акција за уништување на запленети наркотични дроги и оружје од случаи за кои претходно се донесени правосилни судски пресуди.

Како што соопшти МВР, вкупно се уништува околу 373 килограми различни наркотици кои на западно-вропските нарко-пазари, на мало би достигнале вредност и до 10 милиони евра, како и 212 парчиња различно оружје. Поголемиот дел од запленетата количина на наркотична дрога бил наменета за западно-вропските пазари.

Освен дрогата и оружјето запленети при откриените кривични дела, врз основа на заклучок на Владата на Република Македонија уништено е и службено оружје, сопственост на МВР кое е амортизирано и расипано, односно неупотребливо.

За прв пат во историјата на независна Македонија, врз основа на претходно направенм технички преглед, уништени се вкупно 1.014 парчиња различно оружје од магацините на Министерството за внатрешни работи во Скопје, Битола, Дебар и Струга.