Премиерот Никола Груевски ќе се сретне со губернаторот на Ленинградската област, Александар Дрозденко

Во рамки на посетата на Руската Федерација, претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски денеска (петок, 22.06.2012 година) ќе оствари средба со губернаторот на Ленинградската област, г-дин Александар Дрозденко.

Владината делегација предводена од премиерот Груевски ќе оствари средба со менаџерскиот тим на компанијата „Газпром“ предводен од директорот, г-дин Алексеј Милер.