Министерот Лога присуствуваше на Церемонијата за потпишување на Љубљанско-Хашката Конвенција во Палатата на мирот во Хаг, Холандија .
Конвенцијата има за цел да ја олесни меѓународната соработка во кривичната материја меѓу државите членки и да обезбеди ефективна меѓународна правна соработка во истрагите и гонењето на овие злосторства. Конвенцијата како исклучително значаен меѓународен инструмент претставува практична алатка која ќе им помогне на државите членки.
Со неа ќе се овозможи зајакнување на националните правни системи а се очекува значајно да се намали неказнивоста на сторителите на овие сериозни кривични дела. Ова особено поради фактот што Конвенција се насочува на обврската на државите да ги гонат овие кривични дела и во таа смисла ја адресира потребата да се зголеми ефикасноста на истрагите и гонењето на национално ниво.
Иницијативата за оваа Конвенција е започната уште во 2011 година и има голема поддршка од 80 држави меѓу кои и Република Северна Македонија.