Груевски: Меморандум со „Стројтрансгас“ за гасоводот во Македонија

Во најскоро време се очекува потпишување на меморандумот за соработка со руската компанија „Стројтрансгас“ по што до крајот на летото треба да биде потпишан нацрт договорот за изградба на гасоводот во Македонија.

Ова денеска од Санкт Петербург го најави премиерот Никола Груевски по средбата со раководството на руската нафтена компанија „Газпром“.

- Договорено е во следните недела до две да се потпише најпрвин меморандумот за соработка, а потоа до крајот на летото да го добиеме и Нацрт договорот за изградба на гасоводот во Република Македонија, односно инфраструктурата за носење на гас во внатрешноста на државата, изјави Груевски.

Очекува дека кон крајот на оваа, односно во првиот квартал од следната година да почне  реализацијата на овој проект.