Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамки на денешната посета на Тирана, во интервјуто за Report Tv, се осврна на повеќе актуелни прашања за Република Северна Македонија, меѓу кои и значењето на Планот за раст за Западен Балкан на Европската комисија.
„Утрешниот самит е продолжение на претходниот самит во Скопје, еден месец пред тоа, така што е продолжување на работата што треба да ја завршиме како претставници на земјите од Западен Балкан, во однос на усогласувањето на вредностите и предусловите за членство во ЕУ. И во секој случај за тоа ќе се дебатира и на теми поврзани со заедничкиот европски пазар, заедничкиот регионален пазар и слични економски теми, од областа на трговијата“, соопшти премиерот Талат Џафери во интервјуто за Report Tv.
Претседателот на Владата, Џафери, оцени дека тоа што за прв пат во регионот се одржува Самит за Украина е потврда за улогата на меѓународната дипломатија на Република Албанија. Во таа насока, премиерот Џафери посочи и на зачењето на Изјавата што тој и украинскиот претседател Володимир Зеленски, ќе ја потпишат во името на Република Северна Македонија и Украина.