Груевски: Инвестираме секаде каде има потреба за вложувања

Политиката на Владата е да се инвестира во секоја сфера каде има потреба за тоа од инфраструктурата, преку здравството до културата, рече премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање во однос на приоритетите на Владата за инвестирање.

- Ние инвестираме во патишта, ние инвестираме во болници, инвестираме 100 милиони во реконструкции на болници, во опрема во здравство 100 милиони евра. Толку не се инвестирало од кога постои Македонија. Ние инвестираме по 130 милиони евра годишно во субвенции за замјоделци. Инвестираме во градба на објекти во кои ќе се смести државната администрација, затоа што за тие објекти сега плаќаме високи и дебели кирии за да ни се ослободи во идните буџети да не плаќаме толку кирии. Ние инвестираме, меѓу останатото, и во култура, инвестираме и во енергетски објекти, инвестираме секаде каде што има потреба за инвестирање. Ние инвестираме во се. Треба да се инвестира во се, изјави премиерот Груевски во интервју за емисијата „Икс Нула“ на Канал 5 телевизија.