Груевски: За енергетика вложивме 940 милиони евра

Владите на ВМРО-ДПМНЕ имаат вложено 940 милиони евра, што е двојно повеќе од инвестирањето во оваа област на владите на СДСМ кои имаат инвестирано 480 милиони, рече премиерот Никола Груевски запрашан за обемот на инвестиции во енергетиката, и споредбата со инвестирањето на СДСМ во оваа област.

- Во областа на енергетиката, тема за која СДСМ најавува дека ништо не сме направиле, фактите го говорат следното: за инвестициско вложување во АД ЕЛЕМ сите влади на СДСМ досега имаат вложено 480 милиони евра, додека пак владите на ВМРО-ДПМНЕ имаат вложено 954 милиони евра. Ние 940 милиони евра, СДСМ 480 милиони. Тоа е двојно повеќе. Двојно, одговори Груевски во интервју за емисијата „Икс Нула“ на Канал 5 телевизија.