Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денес оствари средба со амбасадорите на државите-членки на Европската Унија.
На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата, како и за напредокот на државата на патот кон интеграцијата во Унијата.
Премиерот Мицкоски ги информираше амбасадорите за заложбите на Владата за спроведување на клучни реформи во правосудството, борбата против корупцијата, економскиот раст и инвестициите кои треба да ја приближат нашата земја до европските стандарди.
Амбасадорите на државите-членки на ЕУ ја потврдија својата поддршка за процесот на евроинтеграција на Северна Македонија и изразија подготвеност за понатамошна соработка и помош во реализацијата на реформските процеси.
Средбата заврши со согласност за натамошно интензивирање на соработката и зајакнување на билатералните односи во различни области од заеднички интерес.