„Не би бил одговорен кон себе и кон сите вас доколку не кажам дека она што го затекнавме како Влада не е само запоставена држава и институции туку и ограбена и недомаќински разграбена држава по сите параметри. Не можам да ја одбегнам неодговорноста поради неописивата радост на опозицијата поради пожарите и таа решеност и истовремено неодговорност да се прави политика од колективната несреќа и борбата на сите нас секојдневно да се стават под контрола пожарите во државата. Но и фрапантното е лицемерие за делење на лекции и памет од истите оние кои на Владата и оставија летала за гасење на пожар кои не летаат, без екипаж, институции за спасување без опрема и без било каква организираност“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска во своето обраќање пред присутните граѓани на Мечки Камен.
Премиерот Мицкоски рече дека политиките на ниски страсти која ја водат од СДСМ е само недостиг на визионерство, конфликтите од внатре кои сакаат да ги пренесат надвор, нивните проблеми, да станат проблеми на нацијата и давењето во калта во која сакаат сите да не повлечат.
„Политиката на ниски страсти која ја водат говори само за недостаток на визионерство, конфликтите од внатре кои сакаат да ги пренесат надвор, нивните проблеми, да станат проблеми на нацијата и давењето во калта во која сакаат сите да не повлечат. Е тоа нешто кое нема да го дозволам“, дециден е тој и додаде:
„И додека го држам овој говор сакам да им оддадам должна почит на пожарникарите и луѓето кои и денес се на терен и се борат со огнените стихии кои се предизвик со кој се соочуваат многу држави. Настапуваме организирано и работите мора да ги држиме под контрола. Ќе продолжиме независно од тоа што го слушаме што го говорат неодговорни политичари, лица да го даваме својот максимум. Ќе се бориме и во Источна и во Централна и во Западна и во Јужна и во Северна Македонија секаде каде има потреба на овие 26 илјади квадратни километри. И нема да влегувам во нивниот наратив на ловење на сеништа, ниски удари и разградување на единството“.