Груевски за Си-Ен-Ен: Македонија има најниски трошоци за водење бизнис во Европа

Во овие тешки времиња за ЕУ и европската монетарна унија се обидуваме да привлечеме инвеститори од други земји и делови на светот кои не се толку погодени од кризата или не се комплетно погодени. Неодамна ја посетивме Кина, ги презентиравме нашите поволности пред многу кинески компании, ја посетивме и Индија, и го направивме истото и таму. Сега сме во Русија, тука сме четири дена и посетивме четири региони, се сретнавме со повеќе од 230 компании и пред нив презентиравме кои се предностите на Македонија за правење бизнис во Европа, рече премиерот Никола Груевски во интервју за Си-Ен-Ен.

Одговорајќи на прашањето за барањето нови локации од каде би се привлекувале странски инвестиции додека трае рецесијата во Европа, премиерот Груевски напомена дека Македонија има многу предности за почнување и водење бизнис кои треба да им се презентираат на потенцијалните инветситори.

- Нема друга земја во Европа која има пониски трошоци за водење бизнис во Европа, изјави Груевски.