Груевски за Си-Ен-Ен: Имаме аспирации за членство во Европската Унија

Имаме аспирации за членство во ЕУ, тоа е важно за земјите од Балканот, земји кои во минатото имаа доста проблеми, а сега се стабилизирани, рече премиерот Никола Груевски во интервју за Си-Ен-Ен, одговорајќи на прашањето на новинарот дали и покрај кризата во Европа, бавниот раст и тешкото донесување на одлуки во Унијата, Македонија има аспирации да стане член на ЕУ.

Според него, за да се да има некоја перспектива за долгорочна стабилност, ќе биде многу добро сите земји од Балканот да станат членки на ЕУ.