„Па видете, за Арсовска мислам дека премногу периодов се кажа сé, би кажал дека е единица мерка на личност која што создава непријатели наместо да создава пријатели и тоа не е добро, мислам доколку и значи мојот совет“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата на Арсовска дека Советот не ги гласа програмите.
Премиерот Мицкоски рече дека Арсовска обвинува дека состојбите во градот се катастрофални затоа што не се гласале програмите, и ги повика на следната седница на Советот на Град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат, иако како што рече и покрај тоа лошата состојба повторно нема да се промени.
„Ги слушнав тие пораки, не се гласале програмите, па не знам кочеле овие, кочеле тие. Еве јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги замолам советниците коишто доаѓаат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, веднаш на следната седница да ги изгласаат тие програми“, истакна Мицкоски.
„Ако е до програмите, но не е до програмите. Еве ќе видите веднаш, мислам дека добив информација дека на 29-ти има седница, еве ќе ги замолам советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата тие програми кои што таа вели дека не и се гласаат да и ги изгласаме и еве ќе видите дека ништо нема да се смени. Еве да знаете дека буквално ништо нема да се смени“, додава тој.
Премиерот Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не кочи и дека ќе ги изгласаат програмите.
„Тоа што е до нас ќе го направиме и еве да не биде и тоа повторно причина да речат ете ВМРО-ДМПНЕ кочи. Не кочиме, еве ќе ги изгласаме тие програми, ќе ги замолам да ги изгласаат“, истакна премиерот Мицкоски.