Груевски: Исплативме нови 10 милиони евра субвенции, за една недела вкупно 30

Нови 10,2 милиони евра субвенции денеска им се исплаќаат на земјоделците. Од нив шест милиони се наменети за сточарите, а околу 4,2 проценти за тутунарите, изјави денеска премиерот Никола Груевски. 

- Заедно со вчерашните 13,5 милиони евра, се околу 23 милиони евра за два дена, а заедно со средствата од пред пет-шест дена, се исплаќаат вкупно околу 30 милиони евра за земјоделието, нагласи Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешното доделување на  доделувањето на договорите за студирање на 100-те најдобро рангирани универзитети во светот според Шангајската листа.

Додаде дека се работи за високи субвенции какви што не се исплатени досега.

- Тоа е она што го имаме ветено и тоа го исполнуваме. Како и во секоја претходна година, така и оваа остануваме последни на нашите ветувања да ги исплатиме субвенциите високи како никогаш во историјата на Македонија. Триесетте милиони евра се исплатени само за неколку дена. Ќе продолжиме и во наредните денови со доисплата така што следната недела треба да го заокружиме она што е зацртано, односно да се исплатат сите субвенции за 2011 година и да се исплати тутунот за којшто крајниот рок е во јуни следната година, но би сакале да ги исплатиме сега, рече Груевски.