Проверен факт: Владата исплаќа 1 милијарда денари за заостанати субвенции од претходната влада

Почитувани,

Една од заложбите на Владата е посветено да се работи и да им се помага на земјоделците.

Затоа издвоени се 1 милијарда денари за исплата за заостанати субвенции за земјоделците.

Над 9.000 земјоделци ќе ги добијат своите заслужени средства како поддршка за своето производство. Кај дел од нив се доцни дури 4 години со исплатата.

Првата одлука на оваа Влада беше со ребалансот да се обезбедат средства и до крајот на годината нема да има субвенции со кои се доцни кај земјоделците.

Домаќинското и посветено работење на Владата ќе придонесе значајна поддршка за земјоделското производство.

На овој начин се исправаат и неправдите кон земјоделците кои со својот труд печалат за себе и своите семејства.