Груевски: Усвоен е законот за ваучерите за апсолвенти од социјални семејства

Законот за ваучерите за апсолветни од социјално загрозените семејства е усвоен од страна на Владата и деновиве ќе биде испратен во Собранието на усвојување, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Очекува дека најдоцна до средината на октомври овие ваучери ќе им бидат достапни на студентите од социјалните семејства.   

- Очекуваме по скратена постапка Парламентот да го усвои и најдоцна до 15 октомври студентите кои припаѓаат на семејства од ранлива категорија да ги примат ваучерите и до крајот на годината да може да ги реализираат и да набават компјутери или лаптот во износ од 250 евра како што беше најавено, рече Груевски по  денешното доделување на договорите за студирање на 100-те најдобро рангирани универзитети во светот според Шангајската листа.