Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, одговорен за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска се сретна со новиот амбасадор на Европската Унија, Н.Е. Михалис Рокас.
Честитајќи му за новата функција, тој изрази искрена желба за соработка со Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Вицепремиерот Арбен Фетаи на амбасадорот му ги претстави приоритетите на неговиот кабинет и на Владата во целина, со посебен акцент на активностите поврзани со борбата против корупцијата, транспарентноста и отчетноста како и политиките за добро владеење.
Амбасадорот Рокас го поздрави фокусот на Кабинетот на вицепремиерот и изрази подготвеност да го поддржи спроведувањето на приоритетните активности во интегративниот процес на Северна Македонија.