Вицепремиерот Фетаи оствари средба со првиот човек на СПАК, Алтин Думани

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политиките на добро владеење, г. Арбен Фетаи денеска во СПАК (Специјална структура против корупција и организиран криминал) оствари официјална средба со нејзиниот раководител, г. Алтин Думани.

За време на средбата, г. Фетаи го запозна својот домаќин за мисијата и приоритетите на неговиот мандат, со посебен осврт на политиките и координацијата во борбата против корупцијата. Тој ја истакна важноста од градење стабилни и независни институции како основа за унапредување на доброто владеење.

Од друга страна, г. Думани ја претстави историјата и структурата на СПАК, споделувајќи искуства од развојот на оваа институција како и предизвиците и успесите во борбата против корупцијата и организираниот криминал на високо ниво. Тој подвлече дека целосната независност на СПАК од политиката и извршните институции, како и добро консолидираниот буџет се главните столбови на успехот на оваа институција. Како резултат на тоа, довербата на граѓаните во СПАК достигна ниво од 70%.

Дискусиите се фокусираа и на можностите за размена на искуства со правосудните институции во Северна Македонија, имајќи ги предвид реформите што се преземаат во овој сектор. Позитивните искуства на СПАК, кој ужива висок углед во Албанија и во регионот, беа оценети како важен пример што треба да се следи.

Оваа средба означува важен чекор кон зајакнување на билатералната соработка во борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото во двете земји.