Груевски: Коалицијата Бранко-Љубчо и нивната соработка на граѓаните им станува јасна

Реакциите на граѓаните по објавувањето на коалицијата Бранко - Љубчо се гледаат секојдневно од различни страни. Многумина кои до скоро останаа приврзаници на Георгиевски деновиве зборуваат дека дури сега разбираат што се случуваше на Панорама, во Холидеј ин и за време на расколот во ВМРО-ДПМНЕ во 2003 година, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

- Некои гледам дека работите од уште поназад ги толкуваат заради некои нејасни чекори што ги правеше ВМРО-ДОМНЕ во 90-тите години, но јас не би се задржал на тоа. Ќе оставиме граѓаните да го толкуваат тоа, сосема е јасна ситуацијата и нема што многу да се додава, подвлече Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на спортската сала во средното училиште „Гоце Стојчевски“ во Тетово.