ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2024 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор и членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на јавните претпријатија основани од Владата

Институција која огласува: 
Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
21.10.2024

A gold logo with a sun and a mountain</p>
<p>Description automatically generated with medium confidence

 

Врз основа на член 17, член 17- а став 1, член 26 и член 26-а од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022, 274/2022 и 208/2024) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.213/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува:

Ј А В Е Н    П О В И К бр. 01/2024

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор и членови на надзорен одбор за контрола на материјално –  финансиското работење на јавните претпријатија основани од Владата на Република Северна Македонија

 

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 7 (седум) члена на Управниот одбор и 3 (три) члена на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење во јавните претпријатија основани од Владата и тоа:
  1. Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о., на веб страницата  https://www.makedonijapat.com.mk;
  2. Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на веб страницата  https://mzi.mk/;
  3. Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”-П.О. Скопје, на веб страница  www.mkdsumi.com.mk;
  4. Јавно претпријатие за стопанисување со пасишта – Скопје, на веб страницата www.jppasista.mk;
  5. Јавно претпријатие за извршување на водостопански дејности ХС „Злетовица'' – Пробиштип, на веб страницата www.hszletovica.com.mk;
  6. Јавно претпријатие  за водостопанство „ЛИСИЧЕ'' – Велес;
  7. Јавно претпријатие  ''Стрежево'' – Битола, на веб страницата https://www.strezevo.com.mk/;
  8. Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје,  на веб страницата https://www.jasen.com.mk;
  9. Јавно претпријатие за државни патишта, на веб страницата  https://roads.org.mk/;
  10. Јавно претпријатие Колекторски систем, на веб страницaта www.kolektorskisistem.com.mk.

 

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие https://www.agroberza.com.mk/ објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 5 (пет) члена на Управниот одбор и 3 (три) члена на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за берзанско работење Агро –Берза – Скопје.

 

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата https://vlada.mk и на веб страницата на јавното претпријатие www.slvesnik.com.mk  објавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 4 (четири) члена на Управниот одбор- од редот на афирмирани и стручни лица и 5 (пет) члена на Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија.

 

  1. За член на управниот одбор на јавното претпријатие основано од Владата, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,
  2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование,
  3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  4. Да имаат најмалку пет години работно искуство од кои:
  • најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и
  • најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.

 

  1. За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,
  2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие,
  3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  4. Да имаат и соодветно работно искустви и тоа:
  • еден член на надзорниот одбор, треба да има најмалку пет години работно искуство,
  • еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и
  • еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

 

  1. Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Образец за пријавување;
  2. Кратка биографија;
  3. Уверение за државјанство;
  4. Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува,  
  5. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  6. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство за соодветно место за кое се пријавува (Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија)
  7. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

 

  1. Документите од точка 6 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен  одбор/ надзорен одбор за контрола на материјално - финансиското работење со назнака за позицијата за која се аплицира и јавното претпријатие за кое се аплицира“.
  2. Членовите на Управниот одбор/ надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие - Владата на Република Северна Македонија.
  3. Член на управен/ надзорен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор.
  4.  Неспојливи се функцијата претседател и член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.
  5. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5  дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик.
  6. Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страницата на јавното претпријатие.
  7. Краен датум за пријавување е 21.10.2024 година.
  8. Кандидатите кои аплицираат за членови на повеќе управни/надзорни одбори за контрола на материјално - финансиско работење, потребно е да поднесат поединечно пополнета пријава за секоја позиција за која аплицираат. 
  9. Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

 

 

Пропратни документи: