Јавен повик Експо Осака 2025, Кансаи, Јапонија
Јавен повик Експо Осака 2025, Кансаи, Јапонија
Во рамки на учеството на Република Северна Македонија на „Експо Осака 2025“, Кансаи, Јапонија, настан кој се смета за еден од најголемите светски саеми, во кој учество ќе заземат 150 држави од светот, се отвора Јавен повик за пријавување на македонски компании кои би имале можност за промоција на дел од националните производи и услуги, а ќе ги промовираат во просториите за промоција на Република Северна Македонија.
Македонските компании ќе имаат можност да бидат дел од настан кој ја поттикнува меѓународната соработка и размена на знаење и иновации.
Настанот ќе трае шест месеци, а ќе се одржи од 13.4.2025 до 13.10.2025 во Осака, Кансаи, Јапонија.
Предвидено е „Експо Осака 2025“ да биде лабораторија за креирање нова визија на социо-економскиот систем преку споделување на идеи од сите луѓе во светот.
Владата на Република Северна Македонија, отвара Јавен повик за пријавување на компании, а кои не се членови на коморите на Република Северна Македонија.
Критериуми за пријавување на јавниот повик:
- Компании кои во своите практики се дел SDG (Sustainable Development Goals) на Обединети нации
- Компании кои вршат деловна активност и поднесуваат завршни сметки во последните три (3) години и
- Компании кои ќе искреираат видео материјали за промоција на своите производи и услуги според насоките на јапонската организација за „Експо Осака 2025“
Потребна документација за пријавување:
• Кратко портфолио на компанијата
• План со кој би се претставиле
• Видео промоматеријал
• Тековна состојба, не постара од 6 месеци
* Транспортот, сместувањето и другите трошоци се на товар на компаниите кои ќе се пријават на јавниот повик.
Заинтересираните компании треба да ја испратат потребната документација до Архивата на Владата на Република Северна Македонија на адреса бул. „Илинден“ бр. 2 најдоцна до 25.10.2024 година, до крајот на работното време, со назнака „За јавен повик Експо Осака 2025, Кансаи, Јапонија“.
Контакт е-пошта: kristina.rizovska@gs.gov.mk