Груевски: 37 милиони евра поддршка за општините

Владата дополнително помага на општините за да можат со свежи пари да изградат нови проекти кои ќе бидат од корист на граѓаните. Веќе е при крај добивањето на поддршка која ќе биде главно во областа на образованието и труд и социјалната политика во износ од 37 милиони евра кои ќе бидат насочени во изградба, реконструкција на училишта и изградба и реконструкција на објекти главно во секторот на образование и на труд и социјална политика, како и во други сектори поврзани со инфраструктура, истакна денеска премиерот Никола Груевски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека тие пари ќе им бидат дадени на располагање на општините во Македонија.

- На тој начин Владата дополнително помага на општините за да можат со свежи пари да изградат нови проекти кои ќе бидат од корист на граѓаните, дали тоа ќе бидат училишта, детски градинки, некои други објекти што се значајни за општината и за кои тие во моментот немаат пари сеедно ние обезбедуваме  во соработка со меѓународните финансиски институции 37 милиони евра кои наскоро веројатно во месец јули ќе бидат ставени на располагање на општините за проектите кои тие сметаат дека се приоритет, рече Груевски по промоцијата на нови наслови од областа на правото и економијата, дел од проектот „Превод на 1000 стручни и научни книги и учебници“ во Ректоратпт на Државниот универзитет во Тетово.