Министерството за финансии ќе исплати 221,5 милиони денари субвенции на 11.284 земјоделци

Министерството за финансии денеска ќе исплати 221,5 милиони денари субвенции на 11.284 земјоделци по повеќе основи.

Според соопштението од Министерството за финансии, за мерката одбележани грла говеда на сметките на земјоделците ќе легнат 145 милиони денари. Висината на поддршката изнесува 2.700 денари по грло говедо.

За произведено и продадено кравјо млеко се исплаќаат 51,5 милиони денари. Субвенцијата изнесува 3,5 денари по литар млеко. За произведен и продаден тутун ќе се исплатат 25 милиони денари. Мерката изнесува 60 денари по килограм тутун.

- Владата на Република Македонија и Министерството за финансии продолжуваат со поддршката на земјоделството и одржување на ликвидноста во стопанството, се вели во соопштението од Министерството за финансии.