Премиерот Груевски присуствуваше на снимање сцена од филмот „До Балчак“

Премиерот  Никола Груевски денеска на Широк сокак во Битола присуствуваше на снимање сцена од филмот „До Балчак“ во режија на Столе Попов.

На филмот се работи од 10 мај, а готов производ се очекува за околу една година.

- Мислам дека сме на две третини од филмот, доста се изнамачивме бидејќи времето не не послужи баш најдобро, но засега ни оди навистина одлично, изјави режисерот Попов кој очекува снимањето на сцените да заврши до август.

Следна фаза, нагласи, е постпродукцијата, монтажата, средување на звукот, дотерување на сликата...

- На добар пат сме да направиме одличен филм, иако немам обичај да зобрувам однапред што ќе биде. Публиката во кино ќе има можност да оцени каков ќе биде филмот, додаде Попов.

Филмот се снима со поддршка од Министерството за култура и освен во Битола се работеше и во неколку демирхисарски села.

Премиерот Груевски попладнево во индустриската зона Жабени во Битола ќе присуствува на поставувањето камен темелник на новата фабрика на германската компанија за производство на автомобилски делови „Кромберг и Шуберт“.