Ќе се формира Институт за геостратешки и геоекономски истражувања и надворешна политика

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе Одлука за формирање на Институт за геостратешки и геоекономски истражувања и надворешна политика.

Институтот ќе функционира во рамки на Министерството за надворешни работи, а неговите активности ќе бидат насочени кон овозможување на платформа за дискусии, презентации и публикации од наведените области.